Рускиот онлајн трговец „Озон“ пред банкрот

16

Руската технолошка групација за е-трговија „Озон“ соопшти дека не успеала да отплати некои обврзници на група сопственици, што ја става во ризик од потенцијален банкрот, но рече дека е во преговори со сопствениците на обврзници за да се најде решение.

Котираниот на Nasdaq, „Озон“, чии акции се суспендирани од 28 февруари, рече дека е ограничен да испраќа пари од нејзините руски подружници до кипарската холдинг компанија „Ozon Holdings Plc“, која е издавач на обврзниците.

„Затоа, компанијата нема да ја финансира исплатата потребна за отплата на обврзниците“, соопшти компанијата, цитирана од Ројтерс.

„Озон“ предупреди на проблеми со исплатата на обврзниците на почетокот на март и оттогаш започна разговори со посебна група на иматели на своите необезбедени конвертибилни обврзници од 750 милиони долари.

Компанијата, која не е предмет на западни санкции, рече дека руската контрола на капиталот и постојано менување на регулаторното опкружување ја ограничуваат од пренасочување на средствата од нејзините руски подружници, што ја става на ризик да нема доволно ликвидност во вистинско време.

Во четвртокот, како дел од својот квартален извештај за резултатите, „Озон“ рече дека значителен број сопственици на обврзници имаат право да ја добијат главницата и каматата на 31 мај и дека ако не платат до 14 јуни, ќе паднат во неликвидност.

„Компанијата, дејствувајќи со добра волја, продолжува со продуктивни преговори со голем број сопственици на обврзници за да се најде соодветно решение во околностите. Работиме на финализирање на долгорочното реструктуирање на обврзниците во тековната финансиска година“, се вели во соопштението, додавајќи дека „Озон“ вели дека „планира да продолжи да работи како и обично“.