Рускиот суд нареди Каспискиот нафтовод да ја прекине работата на 30 дена

117

Рускиот суд му нареди на Конзорциумот на Каспискиот нафтоводд (CPC), еден од најголемите светски нафтоводи, да ја прекине активноста на 30 дена, јавува Ројтерс.

Конзорциумот, кој поседува околу 1,0 отсто од глобалната нафта и чии членови се американските компании Шеврон и Ексон, рече дека одлуката на судот да ги суспендира нивните операции се должи на прашања поврзани со проблемот со излевањето на нафта и дека CPC мора да ја почитува пресудата. Тие одбија да коментираат повеќе за нивните активности и операции.

Според еден извештај  во кој Ројтерс имал увид, товарењето на нафтата од терминалот на CPC продолжило и вчера попладне, односно на 5. јули, но не е сигурно дали тие активности ќе продолжат денеска.

Преку овој цевковод минатата година беа извезени до 54 милиони тони казахстанска сурова нафта од Црното Море.