Рускиот суд заплени имот на Гугл вреден седум милиони евра

36

Московскиот арбитражен суд заплени пари и имот на компанијата „Гугл“ во вредност од 500 милиони рубљи (речиси 7 милиони евра) како привремена мерка во рамките на тужбата на телевизиската компанија НТВ за враќање на пристапот до нејзината сметка на Јутјуб, се вели во судските документи.

Судот одлучи парите, вклучително и средствата што ќе бидат уплатени на банкарски сметки, како и целиот движен и недвижен имот на „Гугл“, во вкупен износ од 500 милиони рубљи, да бидат предмет на заплена, пренесува „Интерфакс“.

Претходно, слични мерки против „Гугл“ беа преземени во истата тужба поднесена од GPM Entertainment Television, во сопственост на холдингот Гаспром-Медиа.