Рускиот увоз од Иран е зголемен за 30 отсто

Рускиот увоз од Иран е зголемен за 30 отсто во март во однос на истиот месец од претходната година, јавува иранската агенција ИРНА.

Според податоците на иранската царина, Русија од март 2022 година до март годинава купила 1,419 милиони тони стока од Иран, во вредност од 743,882 милиони долари.

Москва увезла најмногу стоки од категоријата „делови на турбомлазни  мотори“, а на оваа категорија стоки отпаѓаат 68 милиони долари или 9,21 отсто од вредноста на вкупниот годишен увоз од Иран.

На 19 мај, заменик-министерот за економски развој на Русија, Дмитриј Волвач, објави дека во 2022 година обемот на трговската размена со Иран ќе се зголеми за 20 отсто на годишно ниво, на пет милијарди долари, пренесува Комерсант.