Рускиот пазар на капитал денеска забележа силен раст по веста дека Русија ги повлекува војниците во близина на украинската граница, и откако германскиот канцелар Олаф Шолц одлета во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
Руските акции и рубљата, по слабеењето во претходните денови поради стравувањата од потенцијален украинско-руски воен конфликт, нагло зајакнаа откако Министерството за одбрана објави дека воените вежби се завршени и дека некои единици во воените области во близина на Украина се враќаат во своите бази известија западните и руските медиуми.
Агенцијата Тас наведува дека индексот на акции деноминирани во долари RTS на Московската берза скокнал за 5,55 отсто на 1.505,2 поени.
Индексот MOEX, кој ја мери вредноста во рубљи, достигна 3.599,19 поени, што претставува раст од 3,38 отсто.
Рубљата зајакна и во однос на доларот и еврото при денешното тргување на Московската берза.
Доларот се менува по курс од 75,54 рубљи, односно за 1,59 отсто, додека еврото ослабе за 1,18 отсто на 85,7 рубљи, покажуваат податоците од тргувањето во 11:52 часот по московско време.