Руските банки го прошируваат своето присуство во Кина

19

Руската банка ВТБ планира да го прошири своето присуство во Кина со отворање канцеларии во Пекинг и други градови во блиска иднина, изјави извршниот директор Андреј Костин.

Најголемите руски банки се упатија кон Кина откако го загубија пристапот до глобалниот финансиски систем поради санкциите на Западот, пишува SEEbiz.

„Русија сега сериозно ја проширува својата надворешна економска активност на исток“, му рече генералниот директор на ВТБ на гувернерот на Приморскиот крај Олег Кожемјак на состанокот отворен за медиумите.

„Во блиска иднина ќе отвориме канцеларии во Пекинг и во голем број други кинески градови. Имаме лиценца за работа со рубли и јуани, а денес сервисираме дел од надворешно трговскиот сообраќај“, додаде Костин.

VTB е вториот најголем заемодавател во Русија и беше првиот што понуди услуга за трансфер на пари на јуани во Кина во септември 2022 година, заобиколувајќи го меѓународниот систем за пораки SWIFT.