Руските банки се префрлаат на кинескиот Унион пеj

141

Руските банки забрзано се префрлаат на кинескиот систем на платежни картички, откако Мастеркард или Виза соопштија дека нивните картички издадени во Русија нема да функционираат во странство, а картичките издадени во странство нема да функционираат во земјата.

Неколку руски банки во неделата соопштија дека наскоро ќе почнат да издаваат картички со користење на системот на картички на кинескиот оператор Унион пеј, заедно со руската сопствена мрежа Мир, откако Виза и Мастеркард соопштија дека ги прекинуваат операциите во Русија.

Најавите за префрлување на Унион пеј дојдоа во неделата од Сбербанка, најголемиот руски заемодавец, како и од Алфа банка и Тинкоф.

Унион пеј е меѓународен давател на финансиски услуги основан во 2002 година, а доби меѓународен статус во 2005. Седиштето е во Шангај, а компанијата е раширена во над 180 земји во светот вклучувајќи ги и Грција, Србија, Хрватска, Унгарија, Австрија, Швајцарија, Германија, Шпанија, Италија, Полска, Португалија, Израел, Мексико, Тајланд и Индија.