Руските испораки на енергија во Кина се зголемија за околу 40 отсто оваа година

17

Вицепремиерот на Русија, Александар Новак денеска изјави дека руските испораки на енергенси во Кина годинава се зголемени за 40 отсто.

Новак, на средбата на рускиот премиер Михаил Мишустин со руските деловни кругови во Шангај, истакна дека енергетиката е една од главните области за развој на соработката со Кина, пренесува Интерфакс.

Тој изјави дека испораките на руски енергетски производи во Кина биле значително зголемени во 2022 година, а дека во 2023 година биле зголемени за уште 40 отсто, пренесува Танјуг.

Новак истакна дека сега се работи на заедничка набавка на технолошка опрема.

Рускиот премиер Михаил Мишустин е во посета на Кина, а денеска учествува на руско-кинескиот бизнис форум во Шангај.