Руските кина прикажуваат филмови симнати од торенти

33

Откако започна нивната инвазија на Украина, Русија се најде пред тешки санкции кои доведоа до затворање на стотици европски и американски технолошки компании во земјата. Ова, секако, најмногу ги погоди обичните граѓани, кои веќе не можат да купат iPhone, да објавуваат фотографии на Instagram или да ги гледаат најновите филмови на Netflix. Во исто време, дистрибутерите на холивудските филмови престанаа да се прикажуваат и ги откажаа премиерите на новите филмови во таа земја.

Уште на почетокот на март се зборуваше дека законот може привремено да дозволи пиратерија на различни содржини заштитени со интелектуална сопственост, за да се намалат последиците од санкциите. Иако овие законски измени не се случија, одредени сопственици на кина веќе ги презедоа работите во свои раце и решија да покажат некои од нив на публиката желна за американски блокбастери – со преземање од торент.

Кината планираат да опстанат на овој начин, бидејќи во спротивно немаат што да покажат – руската продукција не е задоволителна, велат тие, ниту по квантитет, ниту по квалитет за да се обезбеди опстанок на кината. Досетливите Руси преку пиратски канали почнаа да набавуваат филмови како „Don’t look up“ или најновиот Batman и да ги прикажуваат во кино.

Некои од нив наведуваат дека ова е настан само за вистински фанови, кои сакаат да гледаат филмови на оригиналниот јазик. Ги прикажуваат во помали, приватни сали, а некои тоа наводно го прават бесплатно, речиси конспиративно и целосно неформално, само за да ја задржат публиката.