Руските милијардери почнаа да се враќаат дома

Руските милијардери кои се најдоа под западни санкции постепено почнаа да ги преселуваат своите активности во својата татковина.

Фактот дека Кипар и Швајцарија повеќе не обезбедуваат услуги за управување со семејните трустови доколку нивните основачи или корисници се руски државјани, во голема мера придонесе за ова.

Како што анонимно изјавија двајца руски милијардери за агенцијата Блумберг, префрлајќи ги своите активности во Русија, претприемачите се соочуваат со ризик од национализација на нивниот бизнис, пренесува Комерсант. Соговорниците на агенцијата рекоа дека сега се принудени да работат само во Русија. Се трудат да не размислуваат за можноста државата да ги национализира нивните активности.

Вкупното богатство на 26 руски милијардери, чија просечна возраст е 63 години, е околу 350 милијарди долари. Со оглед на нивната возраст, милијардерите веќе планираат како ќе го пренесат своето богатство на своите наследници. Од агенцијата тврдат дека развојот на економијата и на сите бизнис сектори зависи од одлуката на овие луѓе, во која земја и на кој начин тоа ќе го направат.

Покрај тоа, некои руски милијардери чуваат значителен дел од своето богатство во готовина, кое се наоѓа на непознати места.