Руските тајкуни ги пренасочија инвестициите во својата татковина

Милијардерите во Русија продолжуваат да добиваат приход од дивиденди, и покрај санкциите. Пет бизнисмени од нафтената, никел и минералната индустрија добиле околу 10 милијарди долари од нивните компании од 2022 година. Но, поради санкциите тие ги пренасочија своите инвестиции на рускиот пазар.

Аналитичарите проценуваат дека западните санкции им ја затворија вратата на руските милијардери и ги турнаа кон Москва. Ова ја зголемува државната контрола врз нивните средства и е во согласност со повиците на властите да инвестираат во рускиот бизнис, пренесува Комерсант.

Меѓу милијардерите кои се заинтересирани да инвестираат во руски компании, според Блумберг, е и основачот на компанијата Лукоил Вагит Алекрепов. Тој планира да купи 51 отсто од Јандекс за околу 7,5 милијарди долари. Тоа би била негова најголема инвестиција надвор од нафтената индустрија, пренесува Бизнис.рс.

Претседателот на Управниот одбор на Норилск Никел, Владимир Потанин, чија сопственост е исто така Интеррос, е еден од можните купувачи на Јандекс, заедно со Алекперов.

Милијардерите од енергетската индустрија, како Леонид Микелсон, Генадиј Тимченко и споменатиот Алекперов, заработуваат од поскапувањето на енергенсите од почетокот на војната во Украина, а нивните компании исплатиле милијарди долари дивиденди.