Руското производство на нафта се зголеми за 2,2 отсто за 11 месеци

90

Руското производство на сурова нафта се зголеми за 2,2 отсто во периодот јануари-ноември 2022 година на 488 милиони тони, изјави за новинарите вицепремиерот Александар Новак.

Според одлуката на групата ОПЕК + и во нејзините рамки, Русија годинава ќе произведе околу 530 милиони тони нафта и гасен кондензат, а во 2023 година 490 милиони тони, рече Новак, пренесува Тасс.

Тој претходно објави дека руското производство на нафта во октомври останало на септемвриското ниво од 9,99 милиони барели дневно, додавајќи дека се очекува производството да остане на истото ниво и во ноември.