Ryanair ја регистрираше првата загуба по пет години

16

Фото: Pixabay

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair за прв пат по пет години, забележа загуба од 19,6 милиони евра, за последните три месеци од годината, пишува BBC.

Авиокомпанијата превезе 32,7 милиони патници споредено со 30,4 истиот период претходната година и регистрираше зголемување на приходите за 9%, односно 1,53 милијарди евра.

Експертите велат дека трошоците се проблемот за загубата на Ryanair.

Сметката за гориво на компанијата се зголеми за 32%, а трошоците за персоналот пораснаа за 31%. Вкупно, оперативните трошоци на авиопревозникот се зголемиле за 20% и изнесувале 1,54 милијарди евра.

Претседателот на Ryanair, Дејвид Бондермен се очекува да ја напушти компанијата во 2020 година.