Ryanair нема да откажува летови поради омикрон

75

Извршниот директор на Групацијата Ryanair, Мајкл О’Лири рече дека не гледа причина да ги откаже летовите поради новата варијанта на коронавирус, омикрон  и дека летовите на неговата авиокомпанија биле резервирани за следните неколку недели. 

„Не откажуваме ниту еден лет. Тоа не го гледам како оправдана причина да се спречат луѓето кои биле вакцинирани или имаат негативен ПЦР да патуваат“, рече тој на прес-конференција во Лисабон.

О’Лири рече дека не гледа никаква опасност од овие луѓе за воздушниот сообраќај во Европа.

Тој додаде дека Ryanair е загрижен дека некои земји потенцијално би можеле да го прекинат воздушниот сообраќај, како што беше случајот со Мароко.