Ryanair откажува 190 летови низ цела Европа

17

Ирскиот авиопревозник Ryanair откажа вкупно 190 летови закажани за овој петок, или околу 8% од вкупните закажани летови за тој ден (2.400), пишува BBC.

Компанијата го промени распоредот како резултат на штрајковите од страна на синдикатите во Шпанија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија и Германија.

Според авиопревозникот оваа одлука ќе ги промени плановите на 30.000 патници, кои се веќе известени преку пораки и мејлови.

Многубројните штрајкови од страна на вработените во Ryanair се поради условите за работа, за што компанијата длабоко им се извинува на своите патници, а истовремено ги обвинува конкурентските авиопревозници за агитација.

Од Ryanair изјавуваат дека во последните неколку недели е направен значителен напредок во преговорите со синдикатите, вклучувајќи и договори со пилотите и кабинските екипажи од Ирска, Велика Британија, Италија и Германија.