Ирскиот нискобуџетен авиопревозник, Ryanair потпиша договор со Boeing за купување на 75 авиони од типот MAX-8.200, изменета верзија на 737 MAX, што се приземјени по две тешки авионски несреќи.
Вредноста на оваа нарачка е 22 милијарди долари.
“Откако американското регулаторно тело одобри враќање на Boeing MAX во сообраќај, Ryanair очекува дека првите авиони во таа обновена верзија, што економично троши гориво и ја чува околината, ќе бидат испорачани на почетокот на 2021 година“, велат од Ryanair.
Договорено е сите нарачани авиони да бидат испорачани во период од четири години.
Европската агенција за безбедност на воздухопловниот промет објави минатата недела дека проблематичниот авион 737 MAX на Boeing би можеле да се вратат во промет на средината на јануари, по четиринеделни јавни консултации.
737 MAX на Boeing беше приземјен во март 2019 година, по несреќите во Индонезија и Етиопија во коишто настрадале вкупно 346 лица.
Фото: Facebook