Ryanair сака да доминира на целиот EX-YU регион

63

Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair објави дека нивната цел е да го продолжат силниот раст на Балканот, а нејзиниот извршен директор Мајкл О’Лири неодамна го отпиша Wizz Air како предизвикувач, пренесува Банкар.ме.

Рајанер работи на четири од седумте пазари во поранешна Југославија – во Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, со исклучок на Словенија, Македонија и Косово.

Wizz Air во моментов е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Приштина, Македонија и Србија, а Ryanair има предност во Хрватска и Црна Гора. Годинава ќе го престигне Wizz Air во Босна и Херцеговина и ќе стане најголемиот нискобуџетен авиопревозник во земјата, со близу 200.000 седишта на босанскиот пазар.

Коментирајќи ги нивните планови, Рајанер објави: „Рајанер е единствената голема европска авиокомпанија која значително го зголеми сообраќајот по Ковид, особено на Балканот, каде што другите авиокомпании престануваат да растат, ги скратуваат линиите и го намалуваат сообраќајот. Оваа година, Ryanair ќе порасне до единаесет милиони патници годишно во регионот (+260% зголемување на сообраќајот во споредба со периодот пред Ковид). Овој раст на сообраќајот ги надополнува плановите на Ryanair да се зголемат на 300 милиони патници годишно до 2034 година, бидејќи ќе треба да бидат испорачани уште 400 авиони“.
Се додава: „Сакаме да се фокусираме силно на овој регион“. Гледаме дека ова ќе биде голем дел од нашето претстојно проширување“.

Во последните неколку години, Ryanair значително го зголеми своето присуство во Хрватска со отворање на својата база во Загреб, како и сезонска база во Задар.
Годинава дополнително ја зацврсти својата позиција со отворањето на својата база во Дубровник во текот на целата година. Рајанер сè уште е најголемата авиокомпанија во Хрватска, зголемувајќи ја својата понуда на 4,5 милиони седишта годишно, речиси двојно повеќе од второпласираната Кроација ерлајнс, според Ex Yu aviation.

Бариери за Ryanair на три пазари

Сепак, Ryanair се соочува со поголеми пречки на другите пазари. Пред речиси десет години, Ryanair најави дека ќе започне со летови за Скопје како директен предизвик за WizzAir, но овие планови беа откажани од неутврдени причини. Авиокомпанијата, исто така, стагнира во Србија.

И покрај разговорите меѓу Рајанер и словенечката влада, првиот човек на оваа авиокомпанија О’Лири го означил аеродромот во Љубљана како „едноставно прескап“, потсетува Ex Yu aviation.