Ryanair стана 100-процентен сопственик на австриски Laudamotion

23

Фото: Pixabay

Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair ја презеде и последната четвртина од уделот во австрискиот авиопревозник Laudamotion, со што стана нејзин 100-процентен сопственик, пишува РТЕ.ie.

Поранешниот формула еден шампион, Ники Лауда, кој минатата година ја купи и ја ребрендираше авио компанијата што претходно ја основаше, му даде зелено светло на Ryanair да стане целосен сопственик на овој авиопревозник.

Според планот, се очекува раст на бројот на патници во следните неколку години, односно 7,5 милиони патници и 30 авиони во 2021 година, додека оваа година има четири милиони патници и 19 авиони.