Ryanair заинтересиран за аеродромот во Мостар

21

ryanair

Нискобуџетната авио компанија Ryanair би можела наскоро да го поврзе аеродромот во Мостар со повеќе европски градови, пренесува klix.ba.

Според маркетинг менаџерот на Ryanair, Луис Фернандес Мелада, оваа компанија моментално е во експанзија, ја проширува флотата и размислува за поврзување на 40 можни нови дестинации низ Европа, меѓу кои е и Мостар.

“Ние сме водечки авио превозник во Европа. Развивме многу мали и регионални европски аеродроми и нема никакви пречки тоа да го направиме и во Мостар“, истакна Фернандес Мелада.

Раководителот на секторот за сообраќај и безбедност на аеродромот во Мостар, Марко Ѓузел, рекол дека не постојат никакви технички пречки за прием на авионите на Ryanair или на авионите на било која друга авио компанија.

“Нашата цел е да го поврземе аеродромот во Мостар со некои од европските центри во Германија, Австрија или Скандинавските земји од каде нашите патници ќе одат низ целиот свет“, рекол Ѓузел.