С.Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи

65

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра во регионот, се вели во извештајот за 2021 година на The Heritage Foundation.

Според индексот на американската фондација, нашата економија е на 46-то место во светот.

Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место, Црна Гора на 80-то, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.

Инаку, според индексот на The Heritage Foundationa, Сингапур има најслободна економија во светот, следат Нов Зеланд, Австралија, Швајцарија и Ирска.

Фото: Heritage Printscreen