SAAB од денеска повторно почнува со производство

94

2012_09_Saab-logo-Photo-JWSherman Шведскиот произведувач на автомобили SAAB од денеска повторно започнува со производство на автомобили. SAAB банкротираше во 2011 година, кога нов сопственик на фирмата стана шведско-кинеската National Electric Vehicle Sweden (NEVS).
Долгорочниот план е производство на електрични возила, но сепак засега во фабричките хали се враќа бензинската верзија за моделот 9-3 седан.
Една од најважните цели е повторно воспоставување на производството.
SAAB својот врв на популарност го доживеа во 2006 година кога продаде 133.000 возила.