Сачи&Сачи Македонија, дел од групацијата Publicis One, освои две Гранд При награди и три злата на Голден Драм во Љубљана

58

publicis

На 23-тиот Голден Драм, најпрестижниот адвертајзинг фестивал во Европа, кој се одржа од 18-21 октомври во Љубљана, Сачи&Сачи Македонија, дел од Publicis One, за кампањата Sea Hero Quest освои две Гранд При награди (во категориите Mobile и Activation programme) и три злата (во категориите Digital, Branded Content и New or innovative).

Кампањата Sea Hero Quest, која годинава нанижа награди на сите фестивали низ светот каде што се појави, доминираше и во Љубљана, каде беше прогласена за најдобрата кампања во 2016 година. Василије Ќорлука од Publicis One се закити со престижното признание Golden Watch award како креативен директор на најдобрата кампања во 2016 година.

vasilie“Идејата за оваа игра за мобилен телефон, која ја разви Дојче Телеком, се роди токму во нашата агенција. Тоа е доказ дека и една мала агенција од мала земја како Македонија,  може да креира идеи кои ќе имаат интернационален успех. Играта досега е превземена повеќе од 2,4 милиони пати, помагајќи ги истражувањата за борба против деменција. Горди сме на овој наш успех, среќни сме и искрено се надеваме дека Sea Hero Quest ќе помогне на многу луѓе во светот кои имаат проблем со оваа болест”, изјави Василиjе Ќорлука.

“Кога имате креативен и инспириран тим не постојат никакви лимити, тогаш можете да креирате идеи, концепти кои ги надминуваат локалните граници и се применливи насекаде. Но, истовремено сакам да истакнам дека секој наш успех е пред сѐ резултат на довербата која што нашите клиенти ни ја даваат. Му благодариме на Македонски Телеком што ни овозможи да бидеме дел од овој успех. Sea Hero Quest е спој на креативноsта и општествената одговорност, потврда на исклучителната работа и посветеност на вработените во Publicis One”, изјави Александра Дилевска Симова, извршен директор на Publicis One.

Агенцијата Publicis Романија/ Publicis One доби признание Golden Rose Award за најуспешна агенција во изминатата година, додека агенцијата McCann Worldgroup за најуспешна агенција на фестивалот.

Истовремено во Off Drum натпреварот Ljubljana Poster Award, младите креативци од Publicis One освоија второ и трето место. Дијана Димитриевска, Деница Бојаровска и Нино Илиевски освоија второ место за постерот BeTheBeat, додека Дијана Димитриевска трето место за постерот под наслов Ние сме еден.