
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Германија и Франција да ослободат дел од своите резерви на дизел за итни случаи со цел да ги ублажат високите цени на горивата на светскиот пазар.
Вашингтон предупредува дека во спротивно би можел да воведе забрана за извоз на дизел од САД, објави Ројтерс.
Повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите, агенцијата истакнува дека американските претставници се незадоволни од Франција и Германија, бидејќи сметаат дека тие не ги исполниле доволно своите претходни обврски во рамките на координираната акција на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за ослободување на резервите на нафта.











