САД бараат стопирање на увоз на соларни панели од Кина

56

Најголемото американско работничко здружение  AFL-CIO ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден и Конгресот да го запрат увозот на соларни панели и дополнителна опрема од кинеската покраина Синџијанг. Како причина за таквиот став ја наведуваат загриженоста за човековите права, пренесува Ројтерс.

Претседателот на здружението, Ричард Трумка навел дека постојат “убедливи докази за системска присилна работа“ во производството на соларни панели во Синџијанг и побара да се формира тим во врската со разрешување на ситуацијата.

Трумка ова го наведе во писмо адресирано до државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џек Саливен.

Фото: Pexels