Соединетите Американски Држави ќе додадат уште осум кинески компании на „црната листа“ оваа недела, меѓу кои е најголемиот светски производител на комерцијални беспилотни летала, JI Technology, објави Financial Times (FT).
Американското Министерство за финансии во четврток ќе ја стави кинеската компанија „од воено-индустрискиот комплекс“ на „црната листа“ поради нивната наводна вмешаност во следењето на малцинските муслимански Ујгури, пишува ФТ, повикувајќи се на два неименувани извори информирани за потегот.











