САД го ограничија извозот на чипови

Американската влада воведе ограничувања за извоз на одредени чипови Nvidia за работа со вештачка интелигенција во некои земји на Блискиот Исток.

„Во текот на вториот квартал од фискалната 2024 година, Владата на САД нè извести за дополнителни барања за лиценцирање за подгрупа производи A100 и H100 наменети за одредени клиенти и региони, вклучително и некои земји на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на компанијата, но не прецизираше за кои земји станува збор, пренесува Ројтерс.

Компанијата генерираше најголем дел од продажбата од 13,5 милијарди долари во последниот фискален квартал, кој заврши на 30 јули, од САД, Кина и Тајван, при што околу 13,9 отсто од нејзиниот профит доаѓа од сите други земји заедно.