
Соединетите Американски Држави и Европската Унија во четвртокот го финализираа прелиминарниот трговски договор што го постигнаа минатиот месец, со царина од 15 проценти за увоз на повеќето европски стоки од САД, вклучувајќи автомобили, фармацевтски производи, полупроводници и дрвени материјали.
Европската Унија и Соединетите Американски Држави денес објавија заедничко соопштение во врска со спогодбата што двете страни ја постигнаа во нивната трговска расправија.
“Овој рамковен договор ќе ги постави нашите трговски и инвестициски односи, едни од најголемите во светот, на солидна основа и ќе даде нов импулс за реиндустријализација на нашите економии”, се наведува во заедничката пишана изјава.
Економиите на САД и ЕУ заедно сочинуваат 44 проценти од глобалната економија.
Клучните точки во документот ги опфаќаат давачките од 15 проценти за повеќето европски производи увезени во САД, со специфични стапки за автомобили поврзани со законодавните активности на ЕУ.
Брисел се согласи да ги прекине давачките за индустриски добра и за значителен број земјоделски производи, а САД исто така ќе ги редуцираат давачките.
Спогодбата опфаќа купување на енергетски ресурси за 750 милијарди долари и 600 милијарди долари инвестиции од ЕУ до 2028 година.
Договорот, исто така, влијае на дигиталната размена и еколошките регулативи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кон крајот на изминатиот месец најавија сеопфатен трговски договор со кој ќе се воведат давачки од 15 проценти за повеќето европски производи.
Со тоа се избегнаа давачките од 30 отсто, што ги најави Трамп доколку не се постигне договор до 1 август.











