САД и Кина постигнаа договор

67

Американската министерка за финансии Џенет Јелен се договори со кинескиот вицепремиер Лиу Хе да ја зголемат комуникацијата меѓу САД и Кина во областа на макроекономијата и финансиите, соопшти денеска американското Министерство.

Министерството изјави дека двоиполчасовниот состанок во Цирих бил „искрен, суштински и конструктивен“ и дека двете страни се согласиле да ја зајакнат соработката за финансирање иницијативи за климата, и билатерално и мултилатерално, преку Обединетите нации, Г20 или АПЕК (Азиско-пацифичка економска соработка).

Јелен рече дека со нетрпение очекува да оди во Кина и да ги пречека своите кинески колеги во Вашингтон во блиска иднина, објави Ројтерс.