
Американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Риши Сунак објавија дека започнуваат ново економско партнерство, дизајнирано да одговори на актуелните големи геополитички предизвици, особено на амбициите на Кина.
„Атлантската декларација“ што двајцата лидери ја потпишаа во Белата куќа, меѓу другото, предвидува и зголемена соработка во одбранбената индустрија и снабдување со метали неопходни за енергетската транзиција.
Сунак е во посета на Вашингтон, а најавено е дека тој и Бајден ќе разговараат за Украина, НАТО и економијата.











