Американското Министерство за енергетика објави дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден одвоила 1,7 милијарди долари за претворање на неодамна затворените или проблематичните погони за автомобили во капацитети за производство на електрични возила (ЕВ) или компоненти за ЕВ.
Тие објекти се наоѓаат во осум американски држави – во Мичиген, Охајо, Пенсилванија, Џорџија, Илиноис, Индијана, Мериленд и Вирџинија.
Според надлежните, овој проект ќе заштеди околу 15.000 загрозени работни места и ќе отвори 2.900 нови работни места.