САД инвестираат пет милијарди долари во развој на компјутерски чипови

22

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден се подготвува да инвестира пет милијарди долари во јавно-приватен конзорциум за поддршка на истражувањето и развојот на „напредни компјутерски чипови“.

Националниот центар за технологија за полупроводници треба да помогне во финансирањето на дизајнот и прототипот на нови видови чипови и обуката на работниците за тоа производство, пренесува Бета.

Владата претходно одвои 39 милијарди долари за финансирање на фабрики за компјутерски чипови.

Според американското Министерство за труд, 375.000 луѓе работат во производство на компјутерски чипови, со просечен приход од 82.830 долари.