САД ја пуштаат во оптек новата банкнота од 100 долари

29

100 dolariНовата банкнота од 100 американски долари, со цела низа специјални заштити од фалсификати, денес ќе биде пуштена во оптек. На предната страна на редизајнираната банкнота се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а на задната Салата на независноста во Филаделфија. Банкнотата има светло сина тродимензионална безбедносна лента на која се наоѓаат слики што се вртат во обратна насока од онаа во која се врти банкнотата.

“Имаме 3,5 милијарди од овие банкноти, кои, според нашите пресметки, ќе бидат и повеќе од доволни за исполнување на домашните и странските потреби“, изјави Соња Данбург од Американската централната банка, која не е погодена од блокадата и денеска со блиндирани камиони ќе ги испорача новите банкноти до сите банки.

Изработката на оваа банкнота траеше преку 10 години.