САД ќе донираат 500 милиони дози Pfizer

18

Американската администрација планира да донира 500 милиони дози од вакцините на Pfizer на скоро 100 земји во следните две години.

САД оваа година ќе купи 200 милиони дози, а во првата половина од следната година 300 милиони. Сите тие ќе бидат донирани на сиромашни земји, вкупно 92 и во Африканската унија.

Донациите ќе одат преку Ковакс системот што е наменет за снабдување со вакцини на слабо развиените земји. Таа иницијатива има поддршка од Светската здравствена организација и Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација.

Фото: Facebook