САД ќе им позајмат на компаниите нафта од резервите

74

САД ќе им позајмат нафта на компаниите од стратешките резерви, како дел од планот договорен со водечките азиски потрошувачи на енергија, со што би требало да биде запрен растот на цените, изјави неименуван претставник.

Американското Министерството за енергетика ќе им дозволи на компаниите да позајмуваат нафта од резервите, а потоа да ја вратат, со камата. Компаниите наместо сурова нафта ќе можат да вратат и деривати. Министерството може да ги продава резервите, но поретко го користи тој инструмент.

Сè уште не е прецизирано колкава количина нафта ќе биде на располагање на компаниите.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија им се придружат и на координиран начин да дадат нафтата од сопствените резерви.

Јапонски и индиски претставници соопштија дека ја разгледуваат таквата можност, додека Кина не сака директно да одговори на барањето на Вашингтон. Пекинг уште во септември им понуди на компаниите нафта од резервите.

Резервите би требало да бидат пуштени во оптек под надзор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Американските претседатели одобрија итна продажба на нафта од стратешките резерви за време на војната во војната во Персискиот залив во 1991 година, по ураганот Катрин во 2005 и во текот на војната во Либија во 2011 година.