САД нагло го зголемија увозот на нафта од Русија

210

Минатонеделните испораки на нафта од Русија во САД се зголемија за 43 отсто до 100.000 бапели дневно. Ова го изјави заменикот-претседател на Советот за безбедност на Руската федерација Михаил Попов, пренесува бугарски „Стандарт“.

– САД ги принудија Европејците да наложат санкции кон Русија, додека тие самите продолжуваат да увезуваат нафта од Русија, па во изминатата седмица ги зголемија испораките на „црното злато“ за 43 отсто, до 100.000 барели за деноноќие. Освен тоа, Вашингтон им дозволи на своите компании да увезуваат минерални ѓубрива од Русија, признавајќи ги за суштинска стока, појаснува Попов.

Според него, Европа треба да очекува од САД и други слични вакви „изненадувања“.