САД најголем светски увозник на баклава од Турција

80

turska baklava

Извозот на традиционалниот турски десерт, баклавата, достигна вредност од 20 милиони долари во последните пет години, покажуваат статистичките податоци, пишува Хуријет.

Баклавата е извезена во 48 земји на шест континенти, а од сите САД е увозник број еден на овој вкусен десерт. Од 2011 година досега, Турција извезе вкупно 1.700 тони баклава. Од нив 312 тони се увезени во САД, а зад нив е Германија со најмалку 210 тони увезена турска баклава.

Швајцарија, Франција, Саудиска Арабија, Австралија, Русија, Ирак и Јапонија, заедно со САД на врвот, се дел од земјите во кои најчесто се увезува турската баклава.

Турција дневно произведува по 950 тони баклава, додека еден просечен жител на земјата годишно јаде околу 4,4 килограми.