САД наредија заплена на заштитни ракавици од Малезија 

41

Американската управа за царинска и гранична заштита нареди заплена на заштитни ракавици за еднократна употреба од малезиската компанија Top Glove, тврдејќи дека во производството се користи присилна работа.

“Имаме доволно информации за таков заклучок. Нема да толерираме искористување на ранливи категории на работници за продажба на поевтина, неетички произведена стока на американските потрошувачи“, наведуваат од Американската управа.

САД во јули минатата година забрана производи од две подружници на Top Glove, обвинувајќи ги за должничко ропство, прекумерна прекувремена работа и злоставување на работници.

Новата забрана, како што пренесува ВВС, се однесува на сите ракавици за еднократна употреба што се произведуваат во фабриките на Top Glove.

Од американската управа наведуваат дека се преземени мерки за да не се дозволи забраната да има влијание врз вкупниот американски извоз на ракавици за еднократна употреба, коишто се важни за спречување на пандемијата.

Фото: Pexels