САД неделава ќе објават нови санкции против Русија

55

САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема мера зависни од рускиот гас. Џејк Саливан рече дека се бара консензус со ЕУ, во рамки на која, исто така, се разговара за нови санкции против Москва.

САД, исто така, ќе ги објават своите одлуки за дополнителна воена помош за Украина во наредните денови, изјави Саливан пред новинарите во Белата куќа.