САД нудат награда до 15 милиони долари за информации за Conti

117

Соединетите Американски Држави понудија награда до 15 милиони долари за информации за руската хакерска група Conti , која е обвинета за ransomware напади и сајбер изнуда низ светот, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

ФБИ проценува дека повеќе од 1.000 жртви на групата Конти платиле вкупно повеќе од 150 милиони долари за да ги оспособат своите компјутери поради нападот со откупни софтвери, се вели во соопштението на Прајс.

Со нудење на оваа награда, Соединетите држави ја покажуваат својата посветеност да ги заштитат потенцијалните жртви на откупни софтвери низ светот од експлоатација од сајбер-криминалци“, рече тој.

Наградата се состои од 10 милиони долари за идентификација или лоцирање на водачите на групата и 5 милиони долари за информации што ќе резултираат со апсење на секој што заговарал со Конти.