САД од септември ќе ги контролираат сметките на граѓаните на Црна Гора

20

lap top kreditna

Граѓаните на Црна Гора во иднина ќе мора во банките каде што имаат отворено или сакаат да отворат сметка да докажат дека не се државјани на САД, додека на американските даночни органи ќе им биде овозможен увид во нивните финансиски текови, пишува црногорскиот портал Банкар.

Тоа се предвидува со билатералниот договор за унапреденото исполнување на даночните обврски на меѓународно ниво и спроведување на FATCA прописите, кои владите на Црна Гора и САД го потпишаа во јуни минатата година, а чија целосна примена ќе започне најдоцна до септември 2015 година.

FATCA (Foreign account tax compliance act) е закон што Конгресот на САД го усвои пред пет години, а неговата меѓународна примена започна на први јули 2014 година. Главна причина за носење на овој закон била американските власти да ги спречат своите граѓани преку странски тековни сметки да затајуваат данок, поради кои наводно губат околу сто милијарди долари годишно.