САД: Пат на кој безжично ќе се полнат батериите на електричните автомобили додека возат

110

Со зголемената популарност на електричните возила, ќе расте и побарувачката за станици за полнење. Нивниот број не може да се спореди со бројот на бензински пумпи кои се наоѓаат речиси на секој чекор, па сопствениците на е-возилата мора добро да ги испланираат подолгите патувања за да не им се потроши батеријата на патот пред да стигнат до станица за полнење.

Но, во иднина, овој проблем со полнењето би можел да се реши со примена на технологија за безжично полнење на батериите на патот. Така, додека автомобилите возат по тие патишта или чекаат во ред, батеријата на нивните возила постојано ќе се полни. Такво нешто, секако, не е ниту едноставно ниту евтино, а како оваа технологија изгледа во пракса ќе покаже израелската компанија Electreon.

Тие започнуваат пилот-проект во САД за изградба на пат со поддршка за безжично полнење, а првично таков пат ќе биде долг само 1,6 километри и може да се продолжи со текот на времето. Патот, кој треба да биде завршен следната година, ќе биде изграден во центарот на американската автомобилска индустрија, Детроит.

Фото:Еlectreon