САД (повторно) ќе ги поддржат банките доколку е потребно

52

Американските власти се подготвени да прибегнат кон претходно користените алатки за поддршка на банкарскиот сектор доколку е потребно, изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен во интервју за ABC News.

„Алатките што ги користевме претходно се подготвени повторно да се користат доколку е потребно“, рече таа во интервју за ABC News, коментирајќи ги можностите за поддршка на банкарскиот сектор.

Јелен додаде дека американските регулатори веќе презеле „силни мерки“ за да го спречат ширењето на проблемите на одделни институции во банкарскиот сектор и да ја задржат довербата на штедачите во безбедноста на нивните инвестиции.

„Ние немаме системски проблем. Јас верувам во тоа. Нашиот банкарски систем одржува силни нивоа на капитал и пристап до ликвидност“, рече Јелен.