
Американското Министерство за енергетика сака да купи шест милиони барели сурова нафта за Стратешките резерви во декември и јануари и е подготвено да плати 79 долари за барел или помалку.
Како што објави порталот oilprice.com, минатата година САД ги намалија залихите за речиси 200 милиони барели нафта и со тоа делумно успеаја да ги намалат малопродажните цени на горивата по почетокот на руската инвазија на Украина.
Американското Министерство за енергетика повеќе пати изјави дека сака да започне со надополнување на стратешките резерви, но цената никогаш не била вистинска, бидејќи САД претходно беа подготвени да издвојат помеѓу 68 и 72 долари за барел.











