САД: Во март отворени 916.000 нови работни места

48

Закрепнување на американската економија од пандемијата зајакна во март, бидејќи работодавачите отворија 916.000 нови работни места, што е најмногу од август минатата година, објави американското министерство за труд на САД.

Ова е многу повеќе од 468.000 новоотворени работни места во февруари, пренесува CNN, напоменувајќи дека министерството февруарските бројки ги ревидираше за скоро 100.000 работни места во однос на прелиминарните податоци.

Овој показател, исто така, е многу подобар од она што предвидуваа економистите, кои очекувале скромни 647.000 нови работни места во март.

Некои од секторите што беа најсилни погодени од пандемијата, забележале значаен раст на бројот на вработени, вклучувајќи ги рестораните и баровите коишто отвориле 176.000 нови работни места.

Благодарение на трендот на раст на вработувањето, стапката на невработеност во март е намалена за 6% од 6,2% во февруари.

Иако одредени сектори, во однос на вработеноста, се вратија на ниво од пред пандемијата, вкупната американска економија и понатаму има 8,4 милиони помалку работни места одошто пред една година.

Фото: Pexels