САД во понеделник почнуваат кампања за вакцинирање против Ковид-19

69

САД од понеделник почнуваат со вакцинирање, а компанијата Pfizer и нејзините партнери испораката ќе ја почнат во недела, најави генералот на војската на САД, којшто ја организира кампањата за вакцинирање.

Вакцините на Pfizer и BioNTech, коишто беа одобрени на крајот на минатата недела, ќе бидат дистрибуирани на 145 локации во понеделник. Останатите 635 локации, дозите од вакцините ќе ги добијат во вторник и среда.

САД во петокот дадоа одобрение за вакцинирање на лица постари од 16 години.

Во првиот бран вакцинирање, како што дознава агенцијата Хина, ќе бидат вакцинирани здравствени работници и постари лица, а во јануари за вакцинација ќе се пријавуваат и други категории на граѓани. Меѓу првите во САД ќе се вакцинираат припадници на армијата на САД, кои во голем број доброволно се пријавија.

До април вакцината би требало да биде достапна за сите.

Фото: Freepik