САД воведоа рестрикции за уште 33 кинески компании

48

Американскиот секретаријат за трговија соопшти дека одредени се нови рестрикции за 33 кинески компании и институции и истите на сила стапуваат од денеска.

Минатиот месец секретаријатот наведе дека 33 кинески компании ќе бидат ставени на “црната листа“ поради тоа што им помагаат на кинеските власти да ја шпионираат малцинската, муслиманска етничка група во земјата, Ујгури, а друга причина е поврзаноста на некои компании со кинеската програма за воено оружје за масовно уништување, објави Reuters.

Рестрикциите подразбираат дека кинеските компании и институции од американската црна листа нема да може да продаваат американски производи или оние произведени надвор од САД со помош на американската технологија.

Фото: Pixabay