САД воведоа санкции за руските платформи Hydra и Garantex

59

Американското Министерство за финансии воведе санкции за најпознатата „дарк-веб“ веб-страница Hydra, со седиште во Русија и берзата за криптовалути Garantex, за која тврди дека работи првенствено од Москва и Санкт Петербург, се вели на веб-страницата на Министерството.

„Санкциите испраќаат порака до криминалците дека не можат да се кријат на мрачната мрежа и нејзините форуми и дека не можат да се кријат во Русија или каде било во светот“, рече министерката за финансии Џенет Јелен.

Таа посочи дека САД, во координација со сојузниците и партнерите, како Германија и Естонија, ќе продолжат да го попречуваат функционирањето на таквите платформи, пренесе Ројтерс.