САД започна истрага за пожарите во електричните автомобили на Тесла

47

tesla-model-sАмериканската агенција за безбедност во сообраќајот започна истрага поради пожарите во електричните автомобили на Tesla Motors, јавува Ројтерс. Во соопштението од Агенцијата стои дека официјалната истрага е покрената за да се утврди дали постои дефект кај поедини возила од моделот S.

Агенцијата ја спроведува истрагата на барање на компанијата Tesla Motors, затоа што сопственикот Илон Маск сака да се отстрани било каква лажна слика во поглед на безбедноста на електричните автомобили. Маск најави дека софтверот на овој модел ќе се ажурира и ќе се измени гаранцијата. Според него, овие изолирани случаи дефинитивно нема да доведат до повлекување на моделот S.

За шест недели во САД беа забележани три пожари кај моделот S во делот кај акумулаторот.

Моделот S седан чини 70.000 долари, а со едно полнење на батеријата може да помине 362 километри. Според Маск, по патиштата во САД се возат околу 19.000 модели S.