По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по вторпат организира БанкЕкспо, заеднички саем на сите банки и штедилници од Македонија.
Банкекспо 2013 ќе се одржи на 30 и 31 октомври во хотелот Александар Палас од девет до 18 часот, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на банките и штедилниците.
Во рамки на саемот Здружението, со поддршка на Народната банка на РМ и Министерството за финансии, на 31 октомври ќе организира и прв регионален форум на тема Земјите од регионот во услови на економска криза, предизвици и решенија, на кој се поканети да учествуваат гувернери, министри за финансии, претставници од здруженијата за банкарство од земјите од регионот.