Саем на турски извозни производи во Скопје

Од шести до девети ноември ќе се одржи третиот Саем на турски извозни производи во организација на Меѓународната саемска организација Меридијен.

Саемската манифестација е поддржана од страна на Министерството за економија на Република Турција, Трговската комора на Ецкишехир и Стопанската комора на Македонија – Турција.

Повеќе детали за саемската манифестација ќе бидат соопштени на денешната прес-конференција на Скопскиот саем, каде ќе се обратат претставниците од Амбасадата на Републија Турција и Меѓународната саемска манифестација Меридијен.